| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши координативниот состанок на државно-политичкиот врв – учесниците не откриваат детали

Петчасовната координативна средба на државнно-политичкиот врв е оценета како информативен и конструктивен состанок за предлозите на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот.

Средбата се одржа вечерва во Клубот на пратеници, а на иницијатива на Министерството за надворешни работи, а учествуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО­Д-ПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Никој од  учесниците не сакаше да изнесе детали за предлотот на Нимиц, за тоа дали е прифатлив и дали постои усогласенот меѓу политичките субјекти. Најавија уште вакви средби за координирање на ставовите за решавање на спорот со името.

Претседателот Ѓорге Иванов по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека не може да открие повеќе детали за што точно се зборувало, но рече дека е реалист со искуство.

Иванов: Очекувам Владата да нè информира за сите активности

Премерот Зоран Заев по средбата изјави дека е оптимист и дека може да дојде до национален консензус.

– Вечерва беа презентирани  и диксутирани  предложените идеи од медијаторот Нимиц, по што разменивме информации и мислења и за разговорите меѓу мене и премиерот Ципрас. Овој процес бара инклузивност посветеност и политичка одговорност со цел градење национален консензус. Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ, рече Заев.

Заев: Оптимист сум дека може да се најде национален консензус

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на состанокот беше во придружба на Александар Николовски и Владо Мисајловски. Според него, ваква средба требало да се случи порано. Тој не откри повеќе детали од состанокот на кој учествуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот Ѓорге Иванов, за да не го наруши процесот.

Мицкоски: Одговорноста за процесот на името е на Владата, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси

За Али Ахмети, кој беше во придружба на Хазби Лика и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи состанокот бил еден од најплодните состаноци.

Ахмети: Го ценам дијалогот за потрага по решение

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top