Премиерот Зоран Заев по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање. Тој рече дека овој процес бара одговорност и дека е неопходна вклученост на сите.
-Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите, рече Заев.
Тој додаде дека решение е можно ако има волја и од грчка страна. „Ние ќе продолжиме да преговараме“, рече Заев и додаде дека мора се внимава да не се наруши преговарачкиот процес.
Премиерот, исто така, најави дека во иднина ќе се формираат работни групи за учебниците.
-Нема да ги коментирам грчките позиции. Јас сум оптимист дека може да се најде национален консензус за овие прашања, рече Заев по состанокот со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст