Нова македонија е името што кружи како можно решение, најави лидерот на Сојузот на централисите на Грција Василис Левендис.
Да се смени тактика и да почне од нула, а не од сложено име, затоа што „Македонија не припаѓа ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис, ниту на Левендис, туку Македонија е Грција“, биле препораките до Ципрас од лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис.
Тој по средбата со грчкиот премиер, говорејќи пред новинарите, откри дека името што се споменува како можно решени и во амбасадите, но и секаде е Нова Македонија.
-Побарав од Ципрас, да смениме тактика, да ги почнеме преговорите од нула и тогаш целиот народ ќе биде со него, доколку почне од нула. – рече Василис Левендис и објасни, јавува дописникот на МИА од Атина, дека грчкиот премиер му кажал дека во 2008 тогашниот претседател на грчката влада Костас Караманлис се согласил за името Македонија, Скопје.
-Ако започнеме од нула, ќе има поддршка од цела Грција, почнувајќи од мене како Левендис. Но, ако почнува со тоа се изморивме не можеме повеќе, треба да се реши прашањето и слично, да го даде името Нова Македонија, јас ќе бидам против. Затоа што Македонија не е ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис, ниту на Левендис. Македонија е самата Грција и нема простор за отстапки, порача лидерот на малата партија Сојуз на централисти, партија која на последните избори во Грција за прв пат влезе во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст