| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Денес се сеќаваме на нашите 7.144 Евреи од Македонија кои тргнаа на пат од каде што нема враќање

„Денес се сеќаваме и на преживеаните од Холокаустот, преживеаните кои се живи споменици на преживеаниот терор, луѓето коишто не само што го преживеаа ужасот туку имаа мачна, но храбра должност истиот да го раскажат за светот да не заборави, за ние да не заборавиме“, напиша на социјалните мрежи Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

„Денес, 27 јануари се сеќаваме на жртвите од Холокаустот. Се сеќаваме на 6 милиони жртви од Еврејскиот народ, се сеќаваме на нашите 7.144 Евреи од Македонија кои пред 75 години тргнаа на пат од каде што нема враќање. Тишината која ги следи ваквите бројки е особено тешка и мачна. Тоа е тишината која останува за навек да говори за изопаченоста и екстремноста во која може да залута човековиот ум, но во исто време, тишина која громогласно одзвонува со пораката „веќе никогаш да не се повтори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top