Актуелниот претседател на Чешка, Милош Земан победи на претседателските избори, пренесоа светските агенции.
По одржаниот втор круг од гласањето, тој добива 52,16 отсто од гласовите наспроти 47,83 отсто за неговиот ривал професор Јиржи Драхош, поранешен шеф на Чешката академија на науките.
Преброени се гласовите на 94,95% од изборните единици и крајниот резултат не може да биде променет.
Одѕивот во вториот круг, одржан вчера и утрово, надминува 65% и е сметан за многу висок.
Првичните бројки за предноста на 73-годишниот Земан беа уште повисоки – над 57 отсто, бидејќи прво доаѓаа резултатите од руралните средини, каде што тој има повеќе приврзаници, забележуваат агенциите.
Набљудувачите очекуваа 68-годишниот Драхош, проевропски кандидат и поранешен шеф на Чешката академија на науките, да го подобри својот резултат во подоцнежните часови, иако не доволно за да го победи сегашниот шеф на државата, познат по евроскептицизмот и проруските позиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст