| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер доаѓа на 25 февруари

“Западниот Балкан е интегрален дел од Европа”, а до таму патот е долг послан со многу работа е дел од пораката што во Македонија ќе ја донесе првиот човек на ЕК Жан-Клод Јункер за време на неговата посета планирана за 25 февруари.

Јункер ќе ги посети сите балкански земји за да им ја претстави лично стратегијата што ја иницираше токму тој во септември 2017 година кога изјави дека ЕУ треба да даде креидибилна перспектива за членство на Балканот во ЕУ. Нешто подоцна, во ноември, тој додаде дека, според него, Србија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ пред 2025 година.

Мандатот на Јункер на чело на ЕК завршува во 2019 година.

-Сакам да го повторам моето убедување дека е неопходно да ја задржиме отворена ЕУ перспективата за Западен Балкан. Во овој момент по се изгледа не е можно да примиме нови членки во 2019 година (з.н. во 2019 година завршува мандатот на Јункер), но сакам на европската перспектива да не се гледа како покана, туку како континуирана потреба за овој дел на Европа, порача Јункер.

Стратегијата се уште не е финализирана и на неа ќе се работи до 6 февруари. Но нејзините основни контури се веќе познати. Она што е сигурно е дека овој документ на ЕК нема да ја ослободи Македонија од условената препорака. На тоа ќе треба да се чека 17 април кога Комисијата ќе ги објави годишните извештаи за балканските земји и речиси е сигурно дека нашата земја повторно ќе ја добие препорака за старт на преговори за членство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top