| четврток, 6 декември 2018 |

Среде ноќ ѕиркал во куќата на соседите и ја допирал долната облека што се сушела – заработи пријава

Хрватските полицајци во Омиш поради наметливо однесување поднесоа кривична пријава против маж (35) кој во два наврати во текот на јануари ѕиркал низ прозорецот на една семејна куќа и ја допирал долната облека која се сушела во дворот.

Сето тоа кај домашните предизвикало страв и вознемиреност, соопшти омишката полиција која во својот прв краток извештај наведе дека го довршиле криминалистичкото истражување над 35-годишник за кој е утврдено дека наметливо се однесувал кој членовите на едно семејство.

Иако не откриваат детали, наведуваат дека 35-годишникот е пријавен поради два настани од 8. и 11. јануари кога „во текот на ноќта шетал околу семејна куќа, ѕиркал во внатрешноста на куќата и ја допирал долната облека која се наоѓала во дворот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top