На Денот на сеќавањето на Холокаустот Ангела Меркел зборуваше за оживеаниот антисемитизам во Германија. Според неа, вистински «срам» е што во денешна Германија државата мора да ги штити еврејските згради.
Како никогаш досега неопходно е да се посетиме на милионите жртви на Холокаустот бидејќи «антисемитизмот, расизмот и омразата кон другиот се денес поактуелни од порано», рече Меркел.
«Незамисливо е и срамно е што ниту една еврејска институција не може да постои без полициска заштита и тоа е така во училишта, градинки или синагоги», вели Меркел.
Таа повтори дека во новата влада ќе има нова функција на комесар за антисемитизам. Доколку нејзината партија и социјал-демократите успеат да постигнат договор за владина коалиција.
Германските власти се загрижени поради растечкиот антисемитизам во земјата што го шират круговите на екстремната десница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст