| четврток, 6 декември 2018 |

Колку чини друштвото на светската елита: Ден во Давос колку стан во Скопје

Во текот на годината, Давос е тивок град во источниот дел на Швајцарија, кој живее со нешто над 11.000 луѓе. Со првите снегулки, ситуацијата се менува. Сите тргаат кон Давос, санкачи и млади скијачи, а во средината на јануари и највлијателните светски политичари и економисти.

Колку чини да се биде во Давос?

Еден од податоците кој доволно говори – станови се издаваат на делегации за 50.000 швајцарски франци дневно.

Колку чини една ноќ?

Steigenberger Grandhotel Belvedere

Во просек, за пет дена во Давос, само за спиење потребно да се одвојат речиси 1.000 евра, со тоа што пресметката варира од изборот сместување и датумот на резервација.

Една ноќ во хотелот “Steigenberger Grandhotel Belvedere”, кој се наоѓа на главното шеталиште во малиот град, само за една ноќ чини од 195 евра па нагоре.
Бидејќи Форумот трае од 23-26 јануари, неопходно е да се распределат најмалку 975 евра за пет ноќи, во најевтината опција.
Тој е еден од најголемите хотели во Алпите, реновиран во 2013 година, кој располага со одлични спа и велнес објекти и врвна услуга. Хотелот, пак, има околу 80 вработени, но неколку дена пред Форумот бројот се зголемува на 300, така што богатите гости се угостени како што се очекува. Хотелот беше првиот избор на најмоќните луѓе во светот, па затоа не треба да изненадува ако апартманите се резервирани и месеци однапред.

Речиси истиот износ на пари, гостите ќе треба да одвојат за “Бергхоф Сертиг”, луксузен хотел изграден во стилот на планинските вили.
Нешто помали швајцарци ќе платат оние кои остануваат во познатиот “Хилтон”, но разликата не е толку голема – пет ноќи чинат 825 евра. “Хилтон” е малку помалку луксузен и за разлика од неговиот конкурент, “Steigenberger Grandhotel Belvedere” има четири ѕвезди.

Berghof Sertig

Повеќето хотели за овие неколку дена од Форумот на најмоќните луѓе во светот заработуваат до 40 отсто од годишната заработка, додека целиот град, според проценките, заработува 40 милиони швајцарски франци за овие неколку дена.

Колку чини храната?

Додека Давос е местото каде што се собира светската елита, домаќините се обидуваат на менијата да стават највкусни ѓаконии.

На добар глас е ресторанот “Сјај” (Glow), и кој сака да се почасти со три оброци, ќе треба да издвои околу 70 евра, а ќе ви требаат 60 евра, за ресторанот во близина “Extrablatt”.

За љубителите на хамбургерите, тука е “Jatzhutte”, каде што може да се почастите со плескавица, помфрит и пиво за 27 евра.

Излегувањето да се забавувате исто така не е евтино. Давос во текот на годината важи за најдобра дестинација кога е во прашање ноќниот живот на Алпите, иако во текот на годината гости се главно жителите.

На почетокот на сезоната сè се менува, па Давос станува центар за ночна забава за славните и спортски ѕвезди. Клубовите “Postli” и “Kasa Antika” се во центарот на настаните. Просечната цена на пивото во центарот изнесува околу седум евра, а за коктели е неопходно да се плати двапати повеќе, околу 14 евра.

Postili Club

Иако светската слава ја стекна како домаќин на најбогатите и најмоќните луѓе денес, Давос не е само луксузна опција, има да понуди широк спектар на игри во “Казино Давос” има рулет и “Блек Џек”, широк избор на слот машини и игри на маса.

Што е бесплатно во Давос?

Ако го исклучите фактот дека веќе сте платиле за вашето пристигнување и престој, исто така плаќавте ручек и кафе, можете да уживате во погледот на Алпите и природната убавина на Давос.
Малку е познато дека овој мал град се наоѓа на околу 1.560 метри надморска височина, што го прави еден од највисоките градови во Европа. Токму висината, чистиот воздух и снегот го прави Давос да стане туристичка Мека од Швајцарија, прво како воздушен базен, а потоа како одморалиште за богатите, пишува Блиц. Посетителите можат да го посетат и малото Давоско езеро кое нема поголемо економско значење, но тоа е туристичка точка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top