Силна експлозија го стресе Кабул: 40 загинати и 140 повредени во силна експлозија во главниот град на Авганистан
Најмалку 40 лица загинаа, а 140 се повредени откако силна експлозија го потресе центарот на Кабул главниот град на Авганистан, пренесе Индепендент.

Облак од чад се забележувал над местото на експлозијата, што се случи во близина на старата зграда на Министерството за внатрешни работи.
Канцелариите на Европската унија и Високиот мировен совет се исто така во близина, заедно со голем број странски амбасади и полициски штабови. Сведоците велат дека областа била преполна со луѓе во моментот на експлозијата.

Насрат Рахими заменик-портпарол на Министерството за внатрешни работи рече дека напаѓачот бил во возило на брза
At least 40 killed and at least 140 wounded as a result of huge explosion at sadarat square, #kabul.
Source: MoPH #KabulAttack#KabulBlast pic.twitter.com/2FPG6jRT1F— اطلاعات روز – Etilaatroz (@dailyetilaatroz) January 27, 2018
помош и на полицијата ѝ кажал дека носи пациент во блиската болница со што поминал на првиот безбедносен контролен пункт. На вториот контролен пункт го детонирал експлозивот, рече тој.
Забихула Муџахид портпаролот на талибанците ја презеде одговорноста за нападот.
#Kabul. Over 70 wounded, 7 dead on arrival transferred at @emergency_ong hospital after the attack. “It’s a massacre”, said Dejan Panic, coordinator in@#Afghanistan. pic.twitter.com/IZ2FFMO11Y
— EMERGENCY (@emergency_ong) January 27, 2018
Авганистанските сили се борат против талибанците откако САД и НАТО официјално ја завршија својата борбена мисија на крајот од 2014 година.

Тие, исто така, се соочуваат со подемот на приврзаниците на ИСИС кои извршиле бројни напади од големи размери во последниве години.


Минатата недела талибанските милитанти убија 22 лица во луксузниот хотел Интерконтинентал во Кабул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


