| четврток, 6 декември 2018 |

14 во светот: Рига на Седлоски побогата од Атлетико и Ливерпул

ФК Рига, новиот клуб на трофејниот тренер Гоце Седлоски е еден од најбогатите клубови во светот. И тоа на 14 место, и тоа веднаш зад Барселон,а а пред Атлетико Мадрид, Ливерпул, Борусија Дортмунд, Монако. Ова го велат порталите кои се специјализирани за финансиите во светскиот фудбал. Рига е во сопственост на екстремно богат тајкун од Русија, клуб со големи амбици. Клуб кој го доведе Седлоски да го подигне своето ниво во европски рамки. Инаку Седлоски доаѓа на местото а познатиот тренер Славиша Стојановиќ, екс стратег на Ц. Звезда, екс селектор на Словенија и уште неколку други клубови. Наше е да му посакаме на Седлоски успеси со ФК Рига, нешто слично како што имаше со Вардар, и како директор и како тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top