| четврток, 6 декември 2018 |

Судот ќе утврдува дали каменот е од Косово или е за кисела зелка

Пратеничката на Двери, Марија Јанушевиќ, најави дека ќе поднесе кривична пријава против директорката на Агенцијата за развој на општината Инџија во Војводина, Ивана Пејовиќ Шеврт, за лажно сведочење во врска со каменот кој го донесе лидерот на Двери во Собранието на Србија, пренесува N1.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, донесе во почетокот на октомври камен во српскиот парламент, за кој тврдеше дека е камен од Косово, но пратеникот на владејачката коалиција Маријан Ристиќевиќ му пренел дека Ивана Пејовиќ Шеврт му рекла дека тоа е камен кој таа го позајмила на Марија Јањушевиќ за кисела зелка.

Марија Јањушевиќ за Војводинскиот истражувачко-аналитички центар ((VOICE) рекла дека изјавата што Ивана Пејовиќ Шеврт ја потпишала кај нотар е лажна. Според неа, власта ги ангажирала своите „најбесчесни послушници” во обид да го минимизира значењето на пораката до јавноста и поддршката на Србите во Косово.

– За време на официјалното потпишување на соработката со организацијата „Татковина” во Косовска Митровица бевме нападнати со камења, што ни даде идеја еден камен да земеме како спомен. Поради големото внимание кај медиумите предизвикано од парламентарната група на Двери, со симболичното покажување на каменот од Косово и Метохија, режимот ги ангажира најбесчесните послушници да се обидат да го намалат значењето на нашата порака до јавноста и поддршката на Србите во Косово – рече Марија Јанушевиќ.

Тврдењето дека станува збор за камен за притискање на кисела зелка, и дека е е од Косово го изнесе пратеникот од владејачката коалиција во српскиот парламент Маријан Ристиќевиќ, кој рече дека оваа негова изјава, заверена кај нотар, ја потврдила една жена од Инџија, градот од кој е и Марија Јањушевиќ.

– Ријалити ѕвезда, повеќепати уценет пратеник со очигледно лош морал во Народното собрание на Република Србија ја покажа изјавата, која наводно го докажува вистинското потекло на каменот од Косово, изјави за Војс Јанушевиќ, додавајќи дека таа не е ниту малку изненадена од гестот на Ивана Пејовиќ Шеврт, „сега кога е запознаена со бизнис и приватните односи и кривични дела кои ги врзуваат Ристиќевиќ и Пејовиќ Шеврт“.

– Не постои сомнеж кај мене дека светите работи за нив не значат ништо, бидејќи не може да се наплатат, и дека Ристиќевиќ и Ивана Пејовиќ Шеврт каменот од Косово и Метохија, навистина би го користеле за приземни работи и примитивни цели – изјави Марија Јанушевиќ.

Во октомври минатата година, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ на пратениците им покажа камен за кој рече дека го донел од Косово, на што претседателката на Собранието на Маја Гојковиќ му порача дека мора да го изнесе надвор од зградата на Собранието, бидејќи во српскиот парламент забрането е да се внесуваат камења.

Маријан Ристиќевиќ по неодамнешниот спорен конкурс на Покраинскиот секретаријат за земјоделство изјавил дека агенцијата предводена од Ивана Пејовиќ Шеврт била овластена за собирање на потребната документација, што му овозможило брзо да ги собере сите потребни „хартии” и да добие пари, потсетува Војс.

Шеврт потврди дека била овластена да ги собира документите.

Инаку Ивана Пејовиќ Шеврт по победата на Српската напредна партија на локалните избори во Инџија во 2016 година е назначена за директор на Агенцијата за рурален развој во таа општина, а опозоцијата од тогаш бара да ѝ се достави нејзината биографија, што власта постојано одбива да го стори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top