Арпад Штербик уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите голмани во ракометната историја, максимално искористувајќи ја минутажата која ја доби во полуфиналето во Франција во кое во секоја смисла на зборот влета пред самото одигрување на средбата.
Голманот на Вардар пристигна во Загреб само еден ден пред одигрувањето на важниот меч со „петлите“ заменувајќи го повредениот Перез де Варгас, а дека не му беше потребно многу време за да се наврати на брилијантните партии во репрезентативниот дрес ни потврди со трите одбранети пенали кои ги имаше.
Штербик по мечот даде анализа за големата победа на Шпанците кои успеаја да го елиминираат фаворитот, но покрај загрижувањето кое го испрати околу падот во физичкиот аспект, за хрватските медиуми даде изјава поврзана за неуспехот кој го имаше тимот на Лино Червар.
Интересно, Штербик застана зад ставот на Лино и посочи дека повредата на Дувњак била голем удар за хрватскиот тим, а неиграњето на фантастичниот Домагој го искористи за да направи и интересна паралела за Кире Лазаров.
– Штета за Хрватите, жал ми е за нив. Цел турнир беше многу изедначен и кога ќе останете без Домагој Дувњак, тоа е навистина голем удар. Тоа е како на Македонија да и го одземете Лазаров, на нас Ентрериос или на Французите Карабатиќ. Тоа е огромен хендикеп. Но, јас не се грижам за Хрватите, во нивниот тим има многу добри млади играчи и не се сомневам дека во наредните години ќе бидат на врвот – потенцира Арпад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст