| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска и Шпанија ќе играат во финалето на ЕП

Ракометната репрезентација на Шведска е вториот финалист на Европското првенство во Хрватска, откако во драматично полуфинале пред 5.000 гледачи ја совлада соседната Данска со 35:34 по продолженија – 28-28 (16-14). Ова е прво европски финале по 2002 година за Шведска која за златниот медал ќе игра против Шпанија.

Најефикасни во шведскиот табор беа Закрисон со осум и Готфридсон и Екберг со по седум гола, а кај Данците одличен натпревар одиграа Хансен со 12 и Лауге Шмит со 11 гола. Големи заслуги за победата на Шведска има голамнот  Паличка, кој одбрани 19 топки.

Финалето меѓу Шпанија и Шведска се игра в недела во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top