Министерството за образование (МОН) ги кани наставниците да ги коментираат или дадат нови предлози за новите наставни програми.
Преку соопштение Министерството и со желба да се креира “што е можно подобар и поквалитетен образовен модел”, сака да го чуе “гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците”.
“За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми и реформите во основното образование.
За да обезбедиме квалитетен ран детски развој и да изградиме ефикасен и ефективен воспитно образовен систем со добра и силна основа, кој пред сè ќе биде цврст, безбеден и отпорен на разни промени и потреси, потребно ни е здраво и цврсто основно образование. Во таа насока, создаваме нов образовен модел за основно образование и нови и квалитетни наставни планови и програми за учениците од 1-3 одделение”. се вели во соопштението.
Работната група што работи на новиот модел се состои од експерти во областа, професори од Филозофскиот факултет и Педагошкиот институт, но и практичари во областа, односно наставници кои работат со ученици од 1-3 одделение. Новиот образовен модел, го засега, и се однесува на работата на наставниот кадар.
“Вашите коментари и предлози се добредојдени и ги очекуваме на [email protected], а можете истите да ги доставите и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54). Наскоро очекуваме да ги добиеме и новите наставни програми за второ и трето одделение”, порачува МОН.
Наставните програми за прво одделение можете да ги преземете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


