Љубоморно момче од Сараево предизвикало вистински хаос во понеделникот кога на улиците низ градот побудалено ја бркалo својата девојка, која пак претходно ја фатилo како го изневерува.
Како што пренесува „Дневни аваз“, Мухамед Б. ја фатил својата девојка Санела среде сексуален чин со друг маж во нејзиниот автомобил. За работите да бидат потрагични, тоа било „ауди” кое Мухамед ѝ го купил.
По ова, тој со својот автомобил почнал луто да ги брка низ сараевските улици, при што оштетил неколку автомобили. Љубовниците успеале да избегаат кога Мухамед бил пресечен од полициски возила. На распитот во полиција, тој изјавил дека тргнал кај девојката откако не можел да ја добие на телефон, па бил загрижен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за нанесување на материјална штета и загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


