| четврток, 6 декември 2018 |

Гавровски на местото на Зврлевски во Комисијата за помилување

Јавниот обвинител Воислав Гавровски од Јавното обвинителство на Македонија ќе го замени Марко Зврлевски во Комисијата за помилување на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Иванов донел решение со кое го разрешува Марко Зврлевски, а на негово место го именува Воислав Гавровски.

Претседател на Комисијата е Василка Јурукоска од Кабинетот на претседтелот, а членови се Благородна Дулиќ, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, пензионирна судијка, Бекир Исени, експретседтел на Судскиот совет, судија во пензија, Методија Каневчев, универзитетски професор, Љупка Арсениевска, експретседтелка на скопска Апелација – во пензија, Стојанче Рибарев, судија на Врховниот суд, Нуман Аруч, Даница Ристова, судија од штипска Апелација и новоизбраниот Воислав Гавровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top