
Вистински хаос настана во Франција откако некои супермаркети ја сминаа цената на Нутела за 70 проценти. Во дел од супермаркетите се водела вистинска војна меѓу купувачите . Имало и тепачки и интервенции на полицијата . Во продавница на северот на земјата од вчера вечер се чекало цела ноќ на ред за утрово да може да купат тегли Нутела со пониска цена.
Во човечките стампеда има десетина полесно повредени . Теглата од 950 грама од чоколадниот крем наместо 4,50 евра , денеска се продавал за 1,41 евро.
,,Се нафрлаа еден на друг како животни. Жените си ги корнеа косите , раката на друга жена крвареше , а една старица настрада , откако ја удриа со цела кутија по главата . Ужасно. “ , изјави продавач во супермаркет во гратчето Рив де Гир во централна Франција.
Негов колега од истпчниот дел на земјата раскажува дека пакетите со тромесечни залихи на Нутела се распродале за само 15 минути , а тој добил бокс во окото.
Serieux ??!! Tout ça pour du Nutella ?! 😮 #Emeute #Nutella pic.twitter.com/UoNTmK78eE
— •KENNY LE BON• (@kennyLebon) January 25, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


