
Според претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев приведувањето на обвинетите пратеници за случувањата од 27-ми април е согласно законот. На својот имунитет пратениците се повикуваат дури доколку треба да се одлучува за мерка притвор. Тој не се согласува со народниот правобранител дека е прекршен имунитетот на пратениците приведени за инцидентите во Собранието.
На средба со новинарите рече дека судиите постапиле законски и посочи дека треба да се прави разлика терминолошки меѓу приведувањето и притворањето затоа што пратениците не смеат да се притворат доколку не им се симне имунитет, но дека тоа не се однесува и на приведувањето.
„Пратениците беа приведени поради барањето на Обвинителството да им се определи притвор. Точно е дека се поставува прашањето дали е целисходно да бидат приведени, односно дали во законскиот рок од 6 часа може да им биде одземен имунитетот, но веројатно судиите биле во дилема дали пратениците треба да бидат привилегирани со приведувањето и одлучиле да ги третираат еднакво со останатите осомничени“, вели претседателот на кривичниот суд.
Тој посочи дека доколку завршат процедурите во Катастарот и се добие употребната дозвола, очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март, Денот на правосудството. Новиот објект ќе има 25 судници од кои две репрезентативни за предмети од организиран криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


