Два вардарци и еден поранешен нивни сиограч ќе играат за европското злато в недела од 20.15 часот во Загреб. Жоан Кањељас и Алекс Душебаев дадоа голем придонес во претходните седум натпревари на шпанската репрезентација, а десниот бек на Киелце ги прогласи голманите за најзаслужни за избореното финале по победата над Франција со 27-23.
„Голманите ни го донесоа финалето. Коралес беше фантастичен, а што да кажам за Арпи – одбрани три седмерци од пет удари, тоа се како некој да даде три гола. Тој ја направи разликата. Денес ни служеше за седмерци, но знаете каков голман е Штербик и колку значи само што е тука. Бевме величенствени, но уште не сме освоиле злато, ни треба уште еден ваков перфектен натпревар. Дај Боже в недела пак да одиграме ваков натпревар“, изјaви за Gol.mk, некогашниот вардарец.
Пред две години Шпанија како фаворит влезе во финалето, но беше целосно разбиена од Германија на Дагур Сигурдсон, па сега „црвената фурија“ не сака да се расфрла со ветувања и изјави околу златото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст