| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик: Бев на преглед во Скопје и заѕвони телефонот, а потоа видовте што се случи

Франција нема да ги обедини светската и европската круна, бидејќи загуби во загрепското полуфинале од Шпанија со 25-22 и наместо за златниот, ќе игра за бронзениот медал. По натпреварот Штербик објасни како дојде до повикот и доаѓањето во Загреб.

Бев на лекарски преглед во Скопје, кога ми се јавија и веднаш ми обезбедија авионски билет за Љубљана.  Потоа видовте што се случи… Пристигнав на вечера, малку се одморив, анализиравме и се одлучивме да бранам само седмерци. Секогаш играме тесни и незвесни мечеви со Франција. Последен пат во Лондон водевме со 6-7 разлика, па загубивме во последната секунда. Денес бевме цврсти, знаевме што сакаме и навреме се одепивме. Но, кога си имате работа со Франција никогаш не сум сигурен, па треперев до крајот. Шпанија одигра два одлични мечеви тука и се плашам дали ќе има сила за трет, бидејќи на овој тежок турнир, никој не одигра три добри натпревари по ред, рече за Гол.мк ветеранот Штербик.

Шпанија во третиот обид ќе се обиде првпат да стане европски шампион, откако двапати беше светски владетел, а двапати загуби и во европските финалиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top