| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладиот наркоман во Македонија е 8-годишно дете

Најновите податоци во Македонија покажуваат дека бројот на нарко-зависници во земјава се зголемува, а дека најмладиот наркоман кој користи дрога со инјектирање е 8-годишно дете. Според истите податоци, во земјава има деца помали од 8 години што „дишат“ лепак или други супстанци.

Два отсто од средношколците на 16 години пробале опијат. Податоците се добиени од студија што ја направиле невладините организации на територијата на целата држава.

Надлежните апелираат родителите да побараат помош за своето дете доколку се соочат со ваква ситуација, бидејќи проблемот не можат да го решат сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top