Во името Македонија се содржани и кулминираат иредентистичките расположенија на државата на Скопје, соопштуваат од Грчката православна црква, по денешниот состанок на Светиот синод и уште еднаш повторуваат дека не прифаќаат терминот Македонија или изведените зборови да бидат вклучени во името на нашата земја.
Според соопштението, поглаварот на ГПЦ ги информирал членовите на Светиот синод за случувањата во прашањето за името, од нивниот последен состанок на 10 јануари до денеска. Период во кој архиепископот Јеронимос за конкретното прашање се сретна и разговараше со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
– Светиот синод забележува дека одредени, ниту правилно го прочитаа словото, ниту суштински го сфатија духот на јасната позиција, за неприфаќање од страна на црквата на терминот Македонија или изведени зборови, како дел во името на државата на Скопје, што исто така би имало влијание и врз расколничката самопрогласена црква на „Македонија“, соопштуваат од ГПЦ и коментираат дека „во името Македонија се содржани и кулминираат иредентистичките расположенија на државата на Скопје“
На речиси петчасовниот состанок станало збор и за протестите, односно за собирот што за десет дена се организира во Атина, а Светиот синод на ГПЦ, во соопштението вели дека го почитува правото на свештениците за слободно изразување, со што не им забранува учество на демонстрациите.
– Црквата на Грција, смета дека секаков израз за одбрана на правата на нашата Македонија е за пофалба, само доколку е автентичен, несебичен и спонтан и секогаш во духот на легалното и демократско изразување. Затоа, во рамки на слободата на изразување на свештениците го почитува нивното право да дејствуваат според свеста, мудро и одговорно, соопштуваат од ГПЦ.
Грчките медиуми соопштението на Светиот синод го коментираат како особено остро и со критики до позицијата на грчката влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст