| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто приватните одмори на Елон Маск се „проклети“?

Успехот кој Елон Маск досега го постигна бара сериозна работа, а како што наведе и сам, станува збор за 100 работни часа неделно. Меѓутоа, тоа се одразило и на неговиот приватен живот, па и на одморите.

Маск во 2015 година изјави дека од основањето на SpaceX имал само два одмори. И навистина, нема да се зачудите зошто.

Додека бил на својот прв одмор, одборот на PayPal решил да го замени со Питер Тиел.

На другиот одмор во Бразил, се заразил од маларија, поради што и можел да го загуби животот.

Во текот на својот прв одмор после основањето на Space X, експлодирале ракетите на компанијата.

„Прв пат кога земав слободна недела, дојде до експлозија на две ракети. Истата недела, малку подоцна, експлодираше и мојата ракета. Поуката која ја извлеков беше – „не земај слободна недела“, изјави Маск во една прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top