Како се воспитуваат најпознатите деца во светот, принцот и принцезата Џорџ и Шарлот? Можете ли да си замислите дека и тие самите мораат да ја чистат својата соба?
Еве неколку правила кои важат за децата на кралското семејство од Кембриџ…
1. Титулата не е причина да бидат размазени
Во семејството на Војводата и Војвотката од Кембриџ, само една дадилка им помага околу децата. Сите обврски поврзани со јадење, спорт и прошетки со деца ги вршат родителите.
2. Ја почитуваат работата на другите луѓе
Кралица Елизабета уште од раните години била воспитувана дека секоја работа треба да се цени, без разлика дали станува збор за нејзината мајка која подготвува ручек или обична собарка која ја чисти куќата. Затоа, Џорџ и Шарлот не избираат која храна ќе ја јадат и мораат да ги наместат сами својата облека.
3. Семејството е приоритет во животот
Четири годишниот Џорџ веќе е воспитуван да се грижи за својата сестра и мајка.
Иако се мали, тие веќе знаат за историјата на своето семејство и често го посетуваат гробот на својата баба, принцезата Дајана.
Кејт и Вилијам се трудат што почесто да поминуваат време со нивните деца.
Џорџ ужива да разговара со неговиот татко, додека Шарлот обожава да готви со нејзината мајка. За разлика од порано, за време на вечерата, децата седат заедно со возрасните.
4. Секој има право слободно да се изјасни за своите мисли и емоции
Кејт и Вилијам активно ја развиваат емотивната интелигенција кај децата.
“Кога гледаме како деца комуницираат со останатите деца во училиште, јас знам дека живееме во сосема различни времиња. Нас не заменија генерации кои не се плашат да кажат што мислат или што ги мачи.”, вели принцот Вилијам.
5. Образованието е на прво место
Читањето книги е омилена активност на принцот и принцезата. Војвотката Кејт, исто така често ги носи децата на изложби и музеи. Нивниот омилен музеј е Историскиот музеј во Лондон.
„Децата обожаваат да доаѓаат тука и верувајте ми тоа не е само заради диносаурусите.“ вели Војвотката.
6. Многу е важно да го сакаат спортот
Војвотката Кејт и Војводата Вилијам се познати по тоа што го сакаат спортот. Вилјам игра фудбал, кошарка и поло додека, Кејт го обожава хокејот на трева.
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот се уште не покажуваат интерес за спортот, но родителите се сигурни дека децата ќе ги следат нивните чекори во иднина.
7. Секој мора да има добри манири и да ги почитува правилата на бонтон без разлика на годините
Децата се свесни дека не смеат да се однесуваат недолично. Постојат стриктни правила за однесување дури и во кралското семејство. Ако принцот и принцеата се однесуваат недолично, тие ќе останат во домот и за време на некои важни настани.
8. Можат да се опуштат во својот дом
„Се уште немаат скршено ниту една коска, но се трудат. Џорџ трча низ куќата, бутка предмети и скока. Се надевам по некое време работите ќе се променат.“ – се шегува Војводата Вилијам
9. Физичката казна е недозволива
Колку и несоодветно да се однесуваат децата, Војводата и Војвотката од Кембриџ не применуваат физички казни.
Родителите имаат сопствени методи на воспитување со кои влијаат врз децата.
Ако Џорџ беснее, тогаш неговата мајка се труди да му го привлече вниманието, на пример со гласно пеење. Понекогаш таа го имитира, легнува на земја и почнува гласно да вика. Всушност, овој трик функционира и децата мошне брзо се смируваат.
10. Таблетите и компјутерите се играчки за возрасни
Принцот и принцезата Џорџ и Шарлот поминуваат многу време надвор, во природа возејќи велосипед. Строго им е забрането користење на било какви електронски уреди. Кејт и Вилијам сметаат дека овие уреди се наменети за возрасни луѓе, додека, игрите со топка, скокање со јаже и игрите во природа се најголемата помош кога станува збор за развивање на нивната имагинација и интелигенција.
11. Дозволени им се цртани филмови
Гледањето цртани филови е дозволено во ова семејство. Меѓутоа, и за оваа активност постои одредено време.
Кралските деца имаат омилени цртани, Шарлот го сака Прасето Пепи, а Џорџ – Пожарникарот Сем.
12. Разумно трошење како начин на живот
Кејт и Вилијам се залагаат за раумно трошење. Често пати Џорџ и Шарлот можат да бидат забележани како носат облеки од нивните родители, но и облеки од детството на нивниот вујко Хари. Ако е потребно да се купи нешто ново, Војвотката им купува облека од економични брендови игнорирајќи ги луксузните модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст