Меѓу најомилените се удар од џиновска планета и метеор како оние во холивудските филмски приказни.
По приказната за прочуениот 12.12.2012 година кога наводно требаше да биде крајот на светот, сè почесто на глобалната мрежа може да се прочитаат евентуални сценарија за пропаста на нашата планета.
Еве десет од најпопуларните сценарија:
Планета убиец што јуриша кон Земјата
Меѓу најпопуларните, но помалку веројатно сценарија, е оној дека некоја непозната планета ќе мине толку блиску до Земјата што ќе ја исфрли од рамнотежа. Тоа наводно ќе доведе до толку големи поместување во водата во океаните што џиновско цунами ќе ја уништи човековата цивилизација.
Исчезнување на магнетните полови
Во педесеттите години од минатиот век геолозите претпоставуваа дека магнетните полови на нашата планета ќе се сменат, можеби еднаш во милион години. Така, најголемите поборници на судниот ден веруваат дека тој момент се ближи, а ефектот би бил како кога коцки мраз ќе ставите во микробранова печка.
Глобална епидемија
Научниците ја обожаваат теоријата за избивање на вирусот што го уништува човечкиот вид, па и ова сцениарио е едно од најпопуларните.
Удар на метеор
Веројатноста дека голем метеорски удар, кој би го завршил животот на Земјата, прилично е мала затоа што такво нешто се случува можеби еднаш во десет илјади години.
Нуклеарна војна
Сценариото наречено нуклеарна апокалипса сè почесто се споменува во светските медиуми, особено по американско-иранските нуклеарни престрелки.
Страшниот суд
Ова сценарио најмногу влијае на верниците што веруваат дека крајот се ближи затоа што човековата раса толку се има расипано што казната едноставно мора да дојде.
Недостиг на нафта
Повеќето луѓе веруваат дека најмногу војни се водат поради нафтата, како и дека во иднина тие ќе се водат поради водата што ја има сè помалку, а модерниот свет се расипува.
Климатски промени
Од кога приказната за климатските промени зеде замав, пред 10-15 години, ова сценарио стана омилено, особено што има реални основи поради фактот што човечката рака зеде замав и сама си го уништи човчкиот род.
Сонцето ќе нè испржи
Модерната астрономија предвидува дека нашето сонце за пет милијарди години би можело толку да се вжешти што многу веројатно ќе ги спржи сите планети на нашиот систем, вклучувајќи ја и нашата.
Сите овие сценарија, пренесува порталот „Нов бран“, се напишани во книгата „Последниот мит: Што ни говорат нашите размислувања за апокалипсата на Америка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст