| четврток, 6 декември 2018 |

По Лино Нока – Хрватска има нов селектор?

Поразот од Франција го кутна домаќинот на Европското првенство, а големо разочарување во таборот на домашните е најава за потрага по нов селектор и наследник на Лино Червар.

Тренерот на ПСЖ, Звонимир Нока Сердарушиќ, кој на крајот од сезоната останува без работа би можел да добие шанса да седне на клупата и да се обиде да го крене нивото на играта на Хрватска.
Се работи за искусен тренер кој има 67 години и кој има импресивно тренерско досие. Тој беше тренер во најдобрите денови на екипата на Кил и ја предводеше од 1993 до 2008 година. Работеше како селектор на Словенија во 2009 и 2010 година, а краток период беше на клупата на Целје. Од 2015 година е на клупата на ПСЖ, но во јуни ќе мора да го напушти тимот бидејќи неговото место ќе го заземе Раул Гонзалес.

Сердарушиќ е виден како разговара со лица од раководството на Ракометната федерација на Хрватска, па останува да се види дали темата била репрезентацијата и нејзиното преземање од искусниот стратег.

Со оглед на тоа што Сердарушиќ дефинитивно заминува од Франција во текот на летото тој е добра опција за селекцијата која што има потреба од промена на кормилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top