| четврток, 6 декември 2018 |

Косовското собрание им забрани на пратениците да одат на службени патувања

Косовското собрание ги суспендира сите службени патувања на пратениците до 20 февруари поради активностите што се очекуваат во следниот период.

Како што јавуваат косовските медиуми, станува збор за ратификација на договорот за демаркација и разгледување на иницијативата на 43 пратеници за укинување на специјалниот суд за воени злосторства.

Собранието ја донело ваквата одлука на 22 јануари со оглед на тоа што претстојат одлуки за чие донесување е неопходен одереден број пратеници, односно кворум.

Сепак, пратениците што добиле патни налози пред донесување на одлуката ќе може да патуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top