| четврток, 6 декември 2018 |

МФ: Нема промени во оданочувањето на дознаките

Министерството за финансии реагирајќи на изјавата на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека нема промени во оданочувањето на дознаките.

-Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга, информиа МФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top