| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Хан не го употребува зборот признавање на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека најголем дел од разговорот со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, се однесувал на односите меѓу Белград и Приштина и дека е јасно оти Европската Унија ќе бара правно-обврзувачки документ за нормализирање на тие односи.

„Тоа не мора да значи признавање на Косово. Тие (членките на ЕУ) би биле среќни кога би се постигнало тоа. Ние не можеме да го сториме тоа, но тие бараат нешто што би значело дека тоа може да функционира и да не постојат големи проблеми во иднина“, рекол Вучиќ.

Тој рекол дека Хан е многу нормален, рационален и сериозен човек, кој не го употребува зборот признавање, туку има поинаков, пообјективен и поодговорен пристап затоа што знае колку е тешко тоа прашање и за Белград и за Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top