Зоран Заев прави циркуз од Македонија за да ѝ се допадне на Грција, а за тоа се свесни и Бугарите, кои пак ја користат оваа пригода на смеа – на шега гладни повторно да ѝ се нафрлат на Македонија и да не потсетат дека и Бугарија „полага право“ на Македонија. Бугарскиот историчар Божидар Димитров по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас во Давос, на која е договорено да биде преименуван меѓународниот аеродром во Скопје, изјави дека и тој е заслужен некој булевар, автопат или аеродром во Македонија да го носи неговото име.
„При овој бран од преименување, македонската влада треба да мисли не само за Грција, туку и на нас. Ако сака да им се допадне на Бугарите и на Бугарија со цел побрзо формирање на Комисијата која ќе ги изработи новите учебници и новите концепти за историјата на Македонија, редно би било да крстат булевар, автопат или аеродром со името на Божидар Димитров, кој направи доста, со книги, статии и филмови, за разоткривање на македонските лаги“, вели историчарот.
„Зоран Заев тоа го прави за да им се допадне на Грците и грчката влада да се согласи со едно од имињата предложени од Метју Нимиц, кои го содржат името Македонија со придавка – северна, јужна, лева, десна, горна, врдарска и т.н. “, изјавил Димитров за агенцијата „Фокус“ пренесува „Днес.бг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст