Социјалдемократите од Гостивар повторно се спротиставуваат на начинот на кој лидерот Заев ја води партијата и како работи нивниот локален претседател. Тие, како и минатата недела доставија писмо до редакцијата на „Република“.
Писмото ви го пренесуваме во целост.
Кој е пратеникот од 6 та и.е. Благојче Трпески?? Тоа е пратеникот од Гоствар од СДСМ кој во 2009 год беше поставен за Председател на ОО СДСМ Гостивар од тогашниот претседател Бранко Црвенкоски, чие име тој сега не смее ни да го спомене за да не му се налути новиот председател Заев и да го стави во групата на т.н.Бранковисти. А и така очигледно треба со таквите кои секогаш наоѓаат начин да се прилагодат. Во спротивно ќе те нема на ниедна позиција. И така сегашниов пратеник полека ама сигурно се пробива кон напред… преку советник во општина Гостиварв (во кој мандат добри зделки правеше со тогашниот Градоначалник Невзат Бејта), па уште еден мандат председател на ОО… до крајната цел….ПРАТЕНИК. Во меѓувреме завршува високо образование дип. Градезен инзинер на Државниот Универзитет во Тетово. Во време на ВМРО пред избори го вработува својот син во Скопје. Како продолжува приказната… Пратеникот ‘шесно’ и ‘поштено’ полека станува локален шериф во градот и ги лути оние кои трчаа тој да стане пратеник… вршејки работа само на оние од кои после може да очекува само некаков бенефит.. расчистувајки со оние кои му се спротиставуваат. Крајно е сомнително неговото управување со редовните партиски финансии и донации, а посебно со средствата вонредно собрани од ченовите пред избори. Со назначуванјето на неговата продолзена рака, Зоран Ангелов за Претседател на ОО СДСМ Гостивар, се чини дека и централното раководство дава поддрсхка за ваквото однесува2е на пратеникот. Сега е усше полесно…. Благојче ја води партијата, а Ангелов седи во претседателската фотеља. Друг лик, иста глава. Кошмарот за членовите продолзува.
Писмо од членови на СДСМ од Гостивар: Заев многу забега! Дојди на себе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст