Крушево, градот низ чии сокачиња Тоше Проески трчаше како дете, се разбира пеејќи, каде што научи да свири на гитара, ги стекна првите другари и каде што се родија првите симпатии, каде што, како што велеше, никогаш не се чувствува како голема балканска ѕвезда, денеска ќе го одбележи неговиот 37 роденден со неколку манифестации. Тие се реализирани во соработка со спомен-куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски-Борче“.
Во 11.15 часот, времето кога се родил Тоше во 1981 година, ќе бидат положени свежи цвеќиња на неговото вечното почивалиште на Гумење. Во 11.30 часот во спомен-куќата „Тодор Проески“ во рамките на музичкиот перформанс ќе настапат: локалниот бенд „Кици и Пеце“, хорот на средното училиште „Наум Наумовски-Борче“ и оперската пејачка Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски. Свое обраќање ќе имаат и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, и Елена Мирчевска, директорка на спомен-куќата „Тодор Проески“.
Жителите на ова планинско место на надморска височина од 1.300 метри, кое во овие јануарски денови личи на вистинска зимска бајка, грижливо го чуваат споменот за нашата најголема музичка ѕвезда, која трагично го загуби животот на 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Сите со многу почит зборуваат за нивниот славеј, на уличките има билборди со неговиот лик, натписи, во секое угостителско место има слики на Тоше, а, се разбира, најавтентични и најживи се спомените за него.
Денеска во Крушево за роденденот на својот идол, како и многупати досега, дојдоа и негови обожаватели од целиот регион, а некои од нив се тука и по неколкупати годишно, бидејќи, како што велат, се вљубиле во ова гратче, во кое се испишувала македонската историја и каде што се родиле многу значајни луѓе, меѓу нив и Проески.
новамакедонија.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст