Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа изјави дека е подготвен за обезбедување државјанство на илегални имигранти кои пристигнале во САД како деца. За добивање државјанство ќе бидат потребни од 10 до 12 години.
Трамп изјави за медиумите дека законот за имиграција, кој ќе биде презентиран следната недела, исто така вклучува 25 милијарди долари за изградба на ѕид долж границата.
Тој потсети дека заштитата, која ја добиваат младите имигранти, истекува на 5 март, но рече дека е подготвен да го одложи крајниот рок и изрази уверување дека може да се постигне договор за прашањето за имиграцијата.
Сепак, тој го опиша како комплицирано прашањето за статусот на нивните родители кои влегле во САД незаконски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


