| четврток, 6 декември 2018 |

Во сабота координација за предлогот на Нимиц

В сабота во Клубот на пратениците, координативна средба на државниот врв за предложената рамка на медијаторот Нимиц на последната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. На состанокот ќе присуствуваат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ќе присуствува и претседателот Иванов.

Нимиц во Скопје доаѓа на 31-ви јануари. Во Давос вчера се одржа првата средба на премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас. Обид да се направи исчекор напред кон решение на спорот.

Македонскиот премиер е оптимист дека ќе се најде решение кое ќе биде достоинствено и за двете држави. Официјална Атина со веќе познатите ставови- едно име за севкупна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top