Кога и да излезе надвор од Република Македонија премиерот Зоран Заев заборава како се вика земјата која ја води. Во неговите јавни изјави, Заев не го користи уставното име на земјата, кое патем е име кое оваа територија го носи со векови.
„Нашата земја“, „Оваа земја“, „Скопје“ се термините кои редовно ги користи Заев, а во сите говори не пропушта Македонија да ја нарече „Мојата земја“ небаре државата е приватна сопственост на фамилијата Заеви.
На последната заедничка прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој Македонија ја нарекуваше „Скопје“ и „БЈРМ“, Заев ниту еднаш немаше храброст да изговори го изговори „Македонија“, исто беше и претходно, кога Заев гостуваше на грчката телевизија „Алфа“ и таму тој ниту еднаш не ги изговори овие 10 букви.
„Република“ јавно го прашува Заев: Премиере, која земја ја водите? Како се нарекува земјата на чиј устав се заколнавте дека ќе ја обавувате функцијата Претседател на Владата? Или вие не сте Претседатен на Владата на Република Македонија туку сте Претседател на Владата на Мојата Земја?
Од премиерот на Грција, Ципрас, пред телевизиските камери јасно ви беше кажано дека освен името, Македонија ќе го менува и националниот идентитет и јазикот. Заев на ова понизно климаше со глава, немаше храброст пред Ципрас ниту да не излаже дека не се преговара за идентитетот.
Што сте вие по националност господине Заев? Што се вашите деца? Дали сее тие Македонци или се нешто друго? Што бил вашиот татко? Вашиот дедо? Прадедо?
Ние не можеме да ги знаеме одговорите на овие прашања, затоа што кога и да излезете од границите на Македонија, веќе не го користите нејзиното име и нејзиниот национален идентитет. Зошто го правите ова? Мислите дека доколку постапувате вака понизно ќе и помогнете на Македонија?
Господине Заев, „Република“ отворено ве прашува: Познавате ли друг премиер, на било која држава на планетата Земја, кој кога ќе излезе од неговата држава не го користи нејзиното име?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст