| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најпознатата писателка на научна фантастика Урсула ле Гвин

Американската писателка Урсула ле Гвин, една од најзначајните современи писатели на научна фантастика, почина во 89 година, соопшти нејзиното семејство.

Гвин има објавено неколку збирки куси раскази и поезија, како и книги за деца, но книгите со научна фантастика и донесоа светска слава и продажба на нејзините книги во милионски тиражи.

Најпозната книга на Гвин е „Лева рака на темнината“ е класика во жанрот научна фантастика. Таа има напишано околу 20 романи во кои ја истражува човековата природа кон разни ситуации и различнио светови.

Гвин, која почина во понеделникот, има освоено четири награди „Небула“, едно од најзначајните признанија за делата на научна фантазија и една Светска награда за фантазија (World Fantasy Award).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top