| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов: До кога вака, ова првенство требаше да биде наше

Македонија со пораз од Данска во Вараждин од 31-20 го заврши своето учество на европското првенство во Хрватска на кое имавме две сосема различни „полувремиња“, првата фаза во Загреб во која блескавме и ја завршивме без пораз (две победи и реми) и втор дел во Вараждин во кој три пати бевме поразени.

Еден од нашите главни адути на овој шампионат, Стојанче Стоилов е разочаран од крајниот резултат и верува оти можеле да направат многу повеќе на овој континентален собир.

– Разочаран сум од себе, од нас, мораше да биде подобро од ова. Имавме одлична прва рунда како никогаш до сега. Знавме што не очекува, не ни е прв пат. Секое првенство памет за друго, до кога така. Летаат годините, утре-задутре нема да биде тука Кире Лазаров. Требаше ова првенство да биде тоа првенство. Бевме добри, имавме многу позитивни работи, само што таа мала разлика е голема разлика, меѓу полуфинале и другото. Пак останува тоа, памет за другпат, се надевам младите научија од ова искуство, истакна Столе.

(извор – Дерби)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top