Непознат арамија ги собрал сите мини-лаптопи од основно училиште во Скопје, кои наставниците ги користат за да ги вметнуваат оценките на учениците во електронскиот дневник.
МВР јави дека ноќта меѓу четвртокот и петокот во Скопје на улица Орце Николов, во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба, одземајќи 23 мини-лаптопи. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.