| четврток, 6 декември 2018 |

Клубот на Алиоски го промени грбот и предизвика револт кај навивачите

Лидс Јунајтед, за кој настапува нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, денеска ги шокираше своите навивачи, но и фудбалската јавност на Островот, откако од клубот објавија дека одлучиле да го променат својот грб.

Многумина се уште се сеќаваат на онаа силна екипа на Лидс кој пред повеќе од десет години беше силна екипа во Премиер лигата, но и Европа, но оттогаш следуваше пад од кој овој легендарен клуб полека успева да се опорави.

Лидс со години веќе игра во Чемпионшип лигата, а веќе оваа сезона имаат солидни шанси да се вратат во Премиер лигата. Овој клуб денеска се најде во центарот на вниманието, но не поради резултатите, туку поради тоа што челните луѓе на клубот одлучија да го променат грбот на Лидс што наиде на големи критки кај навивачите кои пред се и замеруваат на управата за целата историја на клубот која се брише со новиот заштитен знак на тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top