| четврток, 6 декември 2018 |

Жбрц

Итар Пејо и фрлил око на комшиката која била многу убава, но мажена. Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:
– Леле, какво парче си, полудувам штом те видам…
Еден ден таа застанала и рекла:
– Постојано зборуваш, а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена…
– Сериозно?!?… Итар Пејо не можел да им поверува на своите уши…
Наредниот ден отишол дома кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа! …
Вечерта кога мажот се вратил од работа ја прашал жената:
– Жено, Итар Пејо доаѓаше ли овде? …
– Да, дојде… зошто? …
– Колку пари ти даде? …
– 1000 евра…
– Значи стварно е чесен човек тој Пејо. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели „Комшија, дај 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top