| четврток, 6 декември 2018 |

Почна исплатата на социјалната помош

Министерството за труд и социјална политика почна со исплатата на социјалната помош, за која претходно социјалците реагираа дека доцни околу две недели.

Од министерството објаснуваат дека причината за доцнењето било поради законската обврска секоја нова календарска година да се усвојува програма за социјална и детска заштита од страна на Владата.

„Причината поради која досега не е извршена исплата на паричните надоместоци од областа на социјалната заштита е законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува програма од социјалната и детската заштита, врз основа на која во тековната година се врши исплата на правата. Програмата вчера е усвоена, така што исплатата на правата од областа на социјалната заштита почна“.

Оваа програма е усвоена на вчерашната владина седница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top