Бројот на настрадани романски патници во автобусот кој излета во кањонот Морача во Црна Гора се искачи на 19. Уште четворица се во животна опасност.
Во тешката сообраќајка што се случи вчера околу 17 часот беа повредени уште 27 патници од автобусот, а полесно е повредено и дете кое било очевидец на настанот.
Несреќата се случила откако автобусот кој излегувал од тунел во близина на манастирот Морача од за сега непознати причини ја пробил банкината на почетокот на мостот и завршил во провалија длабока околу 40 метри.

Во автобусот имало 46 патници и сите биле романски државјани.
Црногорските медиуми пренесуваат дека во моментот на несреќата врнело и дека возачот возел „малку побрзо на лизгавиот пат“.
Во првите три часа по несреќата, како што пренесува црногорската ТРЦГ во Клиничкиот центар Црна Гора, самоиницијативно се јавиле повеќе од 100 граѓани за да дадат крв за повредените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


