| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонски манифест“: Ова се македонските велепредавници со име и презиме

Македонски манифест“ испрати јавно обраќање до македонскиот народ по повод изгласувањето на законот за јазиците.

Обраќањето е насловено како „ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ“, а КУРИР истото ви го пренесува во целост.

Почитувани граѓани на Македонија, драги Македонци по род и граѓани од малцинските заедници кои ја сакате оваа земја, нејзината унитарност и суверинитет, ви се обраќаме загрижени како и вие поради усвојувањето на таканаречениот Закон за јазиците, кој удира како со мегатонски чекан врз суверинитетот на Република Македонија. Имено, тој закон предвидува употреба на албанскиот јазик на сите нивоа во државните институции и администрацијата рамноправно со македонскиот. На тој начин тоа е вовед во федерализација на Македонија и остварување на планот за Голема Албанија со помош на нејзините западни спонзори ЕУ и САД, а можеби нешто и повеќе од тоа.

Овој закон е изгласан и покрај тоа што албанскиот јазик во Македонија не е во ништо потценет и онеправдан. Албанците тука ги уживаат правата и над демократските стандарди на било кое малцинство во Европа, но очигледна е нивната агресивна намера, со поткрепа посебно на Американците, на оваа почва да ја востановат нивната сонувана митоманска Илирида и да ги потиснат Македонците што е можно повеќе, одземајќи им го најпрвин правото на државотворен народ на оваа земја и држава за која се положени стотици илјади жртви низ столетијата.

Почитувани Македонци, добро знаеме дека овој закон, катастрофален по однос на суверинитетот на Република Македонија, е дел од таканаречената тиранска платформа изготвена од американската ЦИА и донесена тука како кукавичко јајце од нашиот западен сосед. Тука е потребна мала дигресија за да потсетиме дека е тоа уште една неблагодарност на Албанците кон Македонците, кога за време на НАТО-бомбардирањата на Србија 1999-та Македонија прими околу 400 000 косовски бегалци под стреа без да се жали, сочувствувајќи најискрено со нивната болка и трагедија. Да. Затоа шокот кај Македонците беше дотолку поголем кога за тоа гостопримство, за тој бегалски потоп, кој тешко дека може да го издржи и една многу поголема и побогата земја, ни беше вратено две години потоа во 2001 со крвав тероризам. И пак потпомогнат од Американците и Брисел, кои уште терористите ни ги доведоа и во парламентот. Тие и денес ги користат, и којзнае уште колку ќе ги користат нив како алатка за целосно уривање на македонскиот суверинитет и колективен идентитет.

Тоа е ситуацијата во која сме турнати, браќа и сестри, која сѐ повеќе се влошува: случајот со катастрофалниот договор за добрососедство со Бугарија, потоа безумниот потег на МПЦ да се егзархира со нивното глупаво писмо до БПЦ од која се бара да им биде црква-мајка, а сега и идиотските преговори за промена на нашето исконско Име. Сѐ тоа како цунами е замислено да се избрише нашиот колективен идентитет на автентичен историски народ, и на тој начин да ни се забрани секаков пристап кон длабокото минато, кон историската меморија. Тоа, пак, значи дека македонскиот културно-цивилизациски имот од античкиот и словенскиот период конечно, со забрана за секаков наш пристап до него, ќе им се раздаден едниот на Грците, а другиот на Бугарите, кои не од вчера го разграбуваат и присвојуваат.

Ете, тоа ни го смислиле Брисел и Вашингтон, браќа и сестри, кои извонредно успешно соработуваат на тој план со Тирана, Атина и Софија. Да, но да не ја префрламе целата вина на нив. Соработуваат и тоа најуспешно, во реализацијата на тој пеколен план на обезличување на македонското колективно битие и со нашата петта македонска колона, со нашата нова квислингшка влада, со одродените и безлични на секој план Македонци. Имено, тие и таквите Македонци и го потпишаа катастрофалниот договор со Бугарија, ја подготвија МПЦ за велепредавство, а сега го изгласаа еднодушно и законот за јазиците, продолжувајќи понатаму забрзано со планот за менување на Името.

Тоа е тоа, браќа и сестри. Затоа, поаѓајќи од тој страшен факт, Македонски Манифест ви ги претставува во ова обраќање до вас имињата и презимињата на сите Македонци во парламентот кои гласаа за тој деструктивен по македонскиот суверинитет закон како ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ. Запомнете ги нив, бидејќи, историјата ги памети не само храбрите и чесните туку и предавниците и кукавиците. Се разбира, таа листа ќе биде дополнета и со актерите-Македонци во валканата работа со менување на Името. Велиме велепредавниците петоколонаши, бидејќи, се разбира, од познатите причини тука нема место за Албанците. Тие си ја тераат работата за Илирида бескомпромисно агресивно со еден невиден политички, но овреме-навреме и физички тероризам (Диво насеље) итн.

Уште нешто, Македонски Манифест ќе предложи иницијатива да се подигне паметник на срамот на сите тие Македонци-велепредавници, како потсетник за новите поколенија што не треба, а што треба во иднина да прават за својот народ и својата татковина.

Нека се памети нивното велепредавство за да не се повтори!

ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ:

Атанасов Петар
Симеска – Димоска Анета
Богоевски Павле
Ацевски Костадин
Велковски Диме
Атанасов Сашко
Тасевска Лидија
Георгиева Милева
Јовановиќ Мирослав
Иванов Панче
Ташев Ристе
Камбероски Алија
Кирацовски Александар
Китев Бетијане
Богдановски Далибор
Костов Сашко
Кузмановска Катарина
Лазаревска Жаклина
Лазарова Мери
Локвенец Хари
Маноиловски Бранко
Корубин Никица
Милевски Горан
Мираковска Соња
Мисовски Горан
Митрески Јован
Морачанин Маја
Мухиќ Ферид
Николова Јулијана
Рабаџиевска Наумовска Бет
Николовски Илија
Ибраимовски Самка
Костадинов Костадин
Прентовиќ Татјана
Саздовски Чедомир
Смилеска Кети
Шуманска Митева Славица
Стефоска Ирена
Стојчевска Мира
Ташевска Ременски Фросина
Трпевски Благојче
Тунтев Томислав
Туфегџик Ивана
Шахпаска Јагода
Поповска Лилјана
Лалчевска Татијана

Македонија веќе да не раѓа такви велепредавници, безрбетници и изроди!, се вели во соопштението од Македонски манифест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top