| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Иринеј: БПЦ почна преговори со МПЦ поради политички притисок

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ тврди дека Бугарската православна црква е под силен притисок на софиските власти, но и на меѓународната заедница за да влезе во процесот на признавање на МПЦ. Тој во последното интервју вели дека не сите Бугарски влавдице со согласуваат со идејата Буигарската црква да почне разговори со МПЦ.

Буловиќ тврди дека не постои друг начин да се реши црковнот прашање во Македонија, освен преку СПЦ. За него идејата на МПЦ да влезе во разговори со БПЦ и да чека времето да го решеи спорот е детска примитивна и глупава идеја.

Од друга страна пак Бугарскиот патријарх пред два дена изјави дека има консезус за прашањето за иднината на МПЦ.

Бугарските владцин вчера имаа сиднодска седница, но нема детали дали разговорале за односите со МПЦ. Според неофицијалните најави, деновиве се очекува уште една реунда разговори меѓу комисиите на МПЦ и на БПЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top