Професорот на штипскиот универзитет Гоце Делчев и член на раководството на партијата Левица го предупредува премиерот Заев дека може да се соочи зо затворска казна од 5 години ако ја доведе Македонија во позиција на потчинетост во однос на Грција.
Пред денешната средба меѓу премиерите Заев и Ципрас во Давос, Швајцарија, Апасиев цитира законска основа за кривично гонење на претседателот на владата.
“Во очи на денешната средба Заев-Ципрас во Давос, да се потсетиме на член 308 од Кривичниот законик:
„Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“ ;)”, пишува еден од најдобрите научници од правните науки во Македонија.
Апасиев кој во 2009 година заедно со професорот Шкариќ и група студенти беше коавтор на книга која ги објаснува правните и политичките аспекти на спорот за името.
Апасиев со своите предупредувања алудира на можноста премиерот Заев да постигне штетен договор за името со Грција и така да создаде основа за кривично гонење.
Пред десетина дена Заев изјави дека Македонија нема црвени линии во спорот со Грција.
Апасиев беше жесток критичар и на политиките на ВМРО – ДПМНЕ додека беше на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст