Даниел Поповиќ доживеа вртоглава слава во СФРЈ, а нарекуван е и морален победник на Евровизија во Минхен во 1983 година, на која се натпреваруваше со песната „Џули“. Даниел со години се обидува да се врати на естрадата, а сега настапите во Хрватска му се забранети, поради насилничкото минато.
Настапот закажан во еден клуб, откажан е бидејќи на организаторите укажано им е на неговото проблематичното минато, кое и самиот во неколку наврати го потврдил во своите скандалозни изјави.
Така во едно интервју, откако поранешната жена го обвинила за насилство, рекол: Не сум насилен, ама некогаш знае да ми се испушти шамар!
Неговата сопруга Сандра пред 13 години во јавност излезе со приказната за насилството кое го трпела од Даниел.
-Во почетокот на врската го критикуваше мојот начин на облекување, обвинувајќи ме дека се облекувам премногу провокативно. Сакаше да сум дотерана, но не смеев да ги покажам ни рацете, ни нозете, ниту пак да носам тесен фустан. Исто така ме учеше како да се однесувам, ми зборуваше дека во друштво смеам да гледам во маса или само во него и дека на сите прашања смеам да одговарам со да или не. Ако погледнев во некој маж, ме обвинуваше дека кокетирам, а ако погледам во жена, ме прашуваше дали сум лезбејка. По него во ништо не бев добра. Едаш му варев кафе 10 пати, а тој секогаш го истураше, се додека не му го погодив вкусот – рекла Сандра Багариќ Поповиќ, додавајќи дека не се сеќава кога го добила првиот шамар, ама ситуацијата се влошила кога им се родил синот.
-Сметаше дека премногу време посветувам на детето, а него дека го занемарувам. Поради тоа два пати пред венчавката ме наговори на абортус со образложение дека не сака да ме дели со детето. Кога третиот пат останав трудна, неволно се согласи да го родам, но многу пати знаеше да ми префрли дека детето не е негово – рекла Сандра.
Даниел се женел четири пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.