| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот за името

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на координацијата кај Иванов околу процесот на преговори во врска со проблемот кој што Република Грција го има со името на Република Македонија.

КУРИР од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ дознава дека пристигнала покана до партијата и партиска делегација ќе учествува на разговорите кај претседателот Иванов закажани за сабота.

Во неколку наврати досега беше посечено од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата е целосно исклучена од процесот на разговори и нема никакви релевантни информации околу текот на разговорите.

Покрај лидерот на опозцијата Мицкоски на состанокот ќе бидат лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top