| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски ќе бара од Апелација да му биде укинат притворот

Режисерот Борис Дамовски денеска пред Апелацискиот суд ќе побара да му биде укината мерката притвор која му ја одреди Основниот суд Скопје 1 Скопје заради учеството во инцидентот во Собранието на 27 април.

Кривичниот суд првично му одреди мерка куќен притвор на Дамовски, но Обвинителство ја обжали оваа одлука, по што беше преиначена во мерка издржување притвор во затворот во Шуто Оризари. Оваа мерка потоа беше продолжена за дополнителни 30 дена.

По јавната седница, Апелациониот суд треба да одлучи дали ќе му го укине притворор на Дамовски. До сега Апелација ги потврди сите претходно донесени одлуки на Кривичниот суд за осомничените од 27 април, кои се наоѓаат во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top