| четврток, 6 декември 2018 |

Загинаа најмалку 33 лица, мерцедес-бомба одекнала пред џамија: Двоен напад во Бенгази

Најмалку 33 лица загинале, а 50 биле ранети во двоен бомбашки напад во Бенгази, град на истокот на Либија, соопштиле службениците.

Првата бомба одекнала пред џамијата од која верниците излегувале по вчерашната молитва.

Само десеттина минути подоцна, кога на местото на експлозијата пристигнале безбедносни и здравствени службеници, одекнала и втора, многу силна експлозија. Бомбата се наоѓала во мерцедес, паркиран покрај џамијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top